Top Sport

Гвардиола: Не можам да го препознам мојот тим

Манчестер Сити направи голем пресврт и го победи Тотенхем со 4:2, но Пеп Гвардиола е разочаран од изданието на својот тим. Тој порача дека доколку тимот продолжи да игра на ист начин, нема да може да се бори за титулата со Арсенал.

„Ние се натпреваруваме со ривал како Арсенал, кој има голема супериорност на секој натпревар. Тие ја немаат освоено титулата две децении. Не можам да го препознам мојот тим. Искрено, на паузата не очекував дека ќе успееме да направиме пресврт. Имавме голема среќа. Сакам да ја видам желбата ​​за победи од претходните сезони“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ сега имаат пет бода негатива во однос на лидерот Арсенал.

Scroll to Top