Top Sport

Синер ќе го предизвика Циципас во осминафиналето во Мелбурн

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако по три сета со 6:2, 7:6, 6:3 го совлада 63. светски играч, Холанѓанецот Талон Грикспур.

Четвртиот тенисер во светот победи за два час и осум минути.

Трипати му одзеде сервис на противникот, кој не успеа да направи ниту еден брејк.

Циципас во осминафиналето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер, 16. рангиран тенисер во светот.

Синер по три часа и 36 минути го победи 78. играч на светот Мартон Фучович од Унгарија со 4:6, 4:6, 6:1, 6:2, 6:0.

Свое место во осминафиналето најде и Феликс Оже-Алијасим откако по четири сета со 6:1, 3:6, 6:1, 6:4 го совлада 29. играч во светот, Аргентинецот Франциско Серундола.

Оже-Алијасим во осминафиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Британецот Камерон Нори и Јиржи Легечка од Чешка.

Scroll to Top