Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше феноменално расположен по убедливиот триумф од 7:0 над Лајпциг и пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Даде објаснување зошто го повлече Халанд од игра, за да не му стане здодевен фудбалот зошто би ги урнал многу рано во кариерата сите можни рекорди, а потоа се осврна на една друга тема.
За него е многу ‘болно’ што Џулија Робертс го посетува „Олд Трафорд“, наместо да ги следи натпреварите на Манчестер Сити.
„Имам три идоли, Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс. Таа доаѓаше во Манчестер и одеше да го гледа Јунајтед, наместо Сити. За мене тоа е најголемиот пораз бидејќи ова не се деведесетите кога Сер Алекс освојуваше трофеј по трофеј. Сега сме подобри од нив во последниве години, а таа сепак оди на Олд Трафорд“, изјави Гвардиола и ги насмеа новинарите.
Инаку славната актерка беше со сопругот и синовите на „Олд Трафорд“ пред пет години кога Јунајтед ремизираше со Вест Хем, тоа попладне беше исклучен Жозе Мурињо, Ибрахимовиќ даде гол, а Џулија Робертс воопшто и не ја интересира фудбалот. Таа беше со своето семејство бидејќи сопругот Даниел Модер и трите сина се навивачи на Манчестер Јунајтед.