Англискиот првак Манчестер Сити доживеа изненадувачки пораз (2:0) на гостувањето кај Саутемптон и е елиминиран од Карабао купот. Менаџерот Пеп Гвардиола не го криеше разочарувањето и призна дека поразот е заслужен.
„Имавме лоша вечер, противникот беше подобар, моравме да им честитаме. Се надевавме на пласман во следната рунда, но со таков настап тоа беше невозможно. Едноставно не покажавме доволно. Направивме многу грешки, премногу лесно им ја дававме топката и тоа доведе до двата гола на ривалот“, изјави Гвардиола по поразот.
Следниот предизвик за Манчестер Сити е веќе в сабота кога ќе се соочуат со градскиот ривал Манчестер Јунајтед во Премиерлигата.