Top Sport

Гвардиола не се согласува со Гундоган: Тој може да зборува што сака

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не се согласува со проценката на неговиот фудбалер Илкај Гундоган дека англискиот шампион не е „голем клуб“ поради менталната слабост во важните мечеви во Лигата на шампионите.

Германскиот фудбалер по 1:0 поразот од Тотенхем во четврт-финалето на ЛШ изјави дека тимот е ментално слаб и дека поради тоа не може да се носи на големите натпревари. Гвардиола не мисли така.

„Не се согласувам со него. Тој може да каже што сака, бидејќи сакам кога моите фудбалери го искажуваат своето мислење. Многупати во мојата кариера се случило мојот тим да ја загуби контролата, но на тој меч не беше така. Има мечеви кога ќе примите гол и покрај контролата што ја имаме. Тотенхем  беа посилни од нас бидејќи имавме само два дена одмор, а тие имаа шест и не казнија. Сега не чека втор меч со нашите фанови на трибините и ќе одиме на пласман во полуфинале“, вели Гвардиола.

Гундоган: Сити не се голем клуб, требаше да ги „растуриме“ Тотенхем

Scroll to Top