Top Sport

Њукасл победи кај Лестер за сигурен финиш на шампионатот (видео)

Њукасл со 1:0 славеше на гостувањето кај Лестер сити во првиот меч од 34. коло во Премиер лигата за да направи огромен чекор кон обезбедување на опстанок во лигата и во исто време да ја прекине низата од четири победи на „лисиците“ под водство на новиот тренер Брендан Роџерс.

Ајозе Перез постигна одличен гол со глава во 32. минута за на тимот на Рафа Бенитез да му донесе три поени со кои „свраките“ се на 10 поени предност пред Кардиф сити, клубот кој го има последното место кое носи во Чемпионшип. Фулам и Хадерсфилд веќе се испаднати.

Scroll to Top