Top Sport

Гвардиола не смета на играчот што го донесе лани за 49 милиони евра

Манчестер сити, во јули минатата година, го донесе Калвин Филипс (27) од Лидс во трансфер вреден 49 милиони евра. Само нешто повеќе од една година по тој трансфер, англискиот репрезентативец е во кругот на оние на кои тренерот Пеп Гвардиола не смета сериозно. Сити ќе се обиде да се ослободи од него во јануарскиот преоден рок.

Ова го пишуваат англиските медиуми, наведувајќи дека и во моментите кога на Сити му недостасува Родри, Гвардиола избира други опции пред Филипс.

Во дербито со Арснеал, во стратната постава се најде младиот Рико Луис. Филипс сезонава одиграл 70 минути во три првенствени натпревари, седум минути во Лигата на шампионите и 90 минути во поразот од Њукасл во Лига купот.

Неколку клубови се заинтересирани за услугите на Калвин Филипс. Медиумите не откриваат дали тие се заинтересирани да го откупат неговиот договор или само имаат желба да го позајмат.

Евертон е еден од клубовите со кои се поврзува, со потсетување дека минатото лето за него се распрашуваа Њукасл, Вест Хем, Ливерпул и Баерн.

Филипс има договор со Манчестер сити до летото 2028 година.

Scroll to Top