Top Sport

Гвардиола: Некои големи фудбалски мозоци го смислија ова

Манчестер сити во четврток ќе се судрат со Ливерпул во меч од англискиот Лига-куп (Карабао куп) и менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не е сигурен каков тим ќе може да изведе на терен, напаѓајќи ги „големите фудбалски мозоци“ за распоредот.

Сити вчера се вратија во акција со 2:0 победа во пријателски меч со Џирона, но дури 14 од фудбалерите на Гвардиола уште не се вратени на тренинзи по нивните настапи на Светското првенство во Катар и Пеп не го криеше незадоволството.

„Во моментв имам четири-пет фудбалери и ќе треба да видам кога ќе се вратат другите. Едноставно немаме многу фубалери поради тоа што големите фудбалски мозоци решија да имаме ваков распоред. Неколку фудбалери се вратија и ќе одиме чекор по чекор, додека не се интегрирааат во тимот“, изјави Гвардиола.

Неговиот најдобар напаѓач Ерлинг Халанд ќе биде свеж бидејќи Норвешка не играше на СП, додека Кевин де Брујне и Илкај Гундоган играа против Џирона и најверојатно ќе бидат подготвени за мечот со Ливерпул.

Scroll to Top