Пеп Гвардиола вели дека нема проблеми со Серхио Агуеро по необичната сцена покрај аут-линијата во саботното 2:2 реми со Тотенхем на „Етихад“.
Агуеро беше заменет од игра во 66. минута од мечот, по што двајцата се расправаа при неговото излегување, но Гвардиола вели дека се работело само за недоразбирање.
„Тој мислеше дека јас сум му лут поради голот кој го примивме, но тоа беше за корнерот. Се работеше за еден-на-еден ситуација. Тој мислеше дека сум лут, но знам како е бидејќи и јас бев фудбалер. Зборувавме потоа и навистиа уште го сакам многу“, изјави Гвардиола.
Агуеро претходно постигна гол за 2:1 водство, но Лукас Моура израмни во второто полувреме, пред Сити да ги „загубат“ трите поени откако голот на Габриел Жесус по истекот на 90-те минути да биде поништен од ВАР-системот.
Everyone is being silent on what happened between Pep & Kün Aguero?? But when pogba and Mourinho had issues the whole pl was upside down #MCITOT #guardiola #premierleauge #ManchesterCity pic.twitter.com/wMzdGloZrS
— Jeffrey (@baaadcaptain) August 17, 2019