Top Sport

Гвардиола: Немаме шанси со Реал Мадрид ако ја гледаме историјата

Англискиот првак Манчестер Сити вечерва го пречекува Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, вели дека неговиот клуб нема шанси да се споредува со Реал низ историјата, но може да се надева на успех затоа што сегашноста е малку поинаква.

„Ако играме против историјата на Реал, тогаш немаме никакви шанси, едноставно се подобри. Имаат огромен број трофеи и тоа е за почит. Но, ние ќе се бориме да докажеме што значи Манчестер Сити денеска и овие натпревари ќе бидат вистински тест за нашата вредност. Ќе беше исто и доколку игравме против Баерн Минхен или Барселона, тоа се клубови кои долги години се дел од најдобрите во Европа. Ние сме тука една деценија, но напорно работиме и се надеваме на успех“, вели Гвардиола.

Манчестер Сити е во жестока трка со Ливерпул и за шампионската титула во Премиерлигата.

Scroll to Top