Пеп Гвардиола не беше многу расположен за разговор откако сонот за четири титули оваа сезона на Манчестер сити се растури во драматичната 4:3 победа над Тотенхем, сепак, недоволна за пласман во полуфиналето.
Иако каталонскиот стручњак не влезе во директен напад на судијата Чакир и на неговите одлуки, призна дека ВАР системот направил голема разлика во мечот.
„Ние постигнавме гол, а другото го направи ВАР. Дали беше вистинска одлука? Зборуваме за сантиметри, а тие сантиметри беа во играњето со рака. Нашиот гол беше офсајд и тоа беше сурово. Но, тоа е што е. Голот на Љоренте беше игра со рака, а можеби судијата не ја виде вистинската слика, од другиот агол се гледа убаво дека е игра со рака. Првото полувреме не беше нормално, а во второто направивме многу шанси. Тие се силен тим, и тоа е тоа“, вели Гвардиола.