Top Sport

Реал до драматична победа над ПАО, Мициќ ја „стопираше“ Барселона (видео)

Актуелниот шампион од Евролигата, Реал Мадрид успеа да го изддржи неверојатниот кам-бек на Панатинаикос за да стигне до 75:72 победа во првиот меч од плејофот.

Тимот на Пабло Ласо предаде предност од 14 поени направена на почетокот на второто полувреме, но на крајот се мачеше за да стигне до победа пред стариот познаник Лука Дончиќ, кој беше присутен да го бодри својот поранешен клуб.

Ова е шеста победа во низа на Реал над „зелените“ од Атина. Фабиен Косер беше најефикасен со 12 поени, Џефри Тејлор додаде 13, додека за Панатинаикос Ник Калатес имаше 17 поени, но неговиот тим немаше сили за подвиг. Двата тима повторно играат во Мадрид во петок, а серијата подобар-од-пет продолжува во Грција следната недела.

Василије Мициќ имаше фантастичен натпревар а да ги предводи Анадолу Ефес до 75:68 победа над Барселона во првиот меч од нивниот плејоф дуел.

25-годишниот Мициќ имаше 21 поени, од кои четири тројки, додаде седум асистенции, три скока и една украдена топка за клучна победа во серијата. Домаќините имаа подобро отварање на мечот и поведоа со 26:15 по 10 минути игра, но Барса бргу израмни на 32:32. По ова турскиот клуб ја презеде контролата на мечот и стигна до победа.

ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ

Анадолу Ефес – Барселона 75:68 (26:15, 14:12, 18:13, 17:19)

Реал Мадрид – Панатинаикос 75:72 (21:17, 22:18, 15:17, 17:20)

Scroll to Top