Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека „обожава“ да се расправа со Кевин де Брујне по невообичаениот инцидент на мечот со Реал Мадрид во средата, кога Белгиецот му порача на тренерот да „замолчи“.
Според Гвардиола, тоа покажува дека Де Брујне бил мотивиран во мечот, и посочува дека такви ситуации се вообичаени, посебно на тренинзите на клубот.
„Акцијата со Кевин, обожавам кога викаме еден на друг. Мене тоа ми се допаѓа. Понекогаш е без емоции, мене ми се допаѓа оваа енергија. Не е првпат, само не гледате, но тој постојано вика кон мене на тренинзи. Потоа станува најдобар. Гундо ја загуби топката, исто и Кевин и тоа не ни беше потребно. На полувреме им велев да ја контролираат играта, не го направивме тоа“, вели Гвардиола.
Манчестер сити може да ја потврдат титулата од Премиерлигата веќе во сабота со победа над Челси.
Pep Guardiola: “Pass the ball!, Pass the ball!
Kevin De Bruyne “Shut up! Shut Up!” pic.twitter.com/LxicqfkUYp
— Troll Football (@TrollFootball) May 18, 2023