Top Sport

Гвардиола одговори на видеото со Грилиш: Ќе бидат казнети бидејќи не ме поканија!

Менаџерот на Манчестер сити ги опиша своите фудбалери како „совршени“, откако не сакаше многу да се осврнува на видеото на кое нивната ѕвезда Џек Грилиш е во алкохолизирана состојба заедно со Кајл Вокер и Ријад Марез во центарот на Манчестер.

Според „Дејли мејл“, видеото покажува како Грилиш не добива дозвола да влезе во еден бар бидејќи е во алкохолизирана состојба, но Гвардиола вели дека единствената лоша работа е што не го поканиле и него и тројцата се вратиле на тренинзи со тимот во вторник пред мечот со Брентфорд.

„Навистина сум вознемирен што не ме поканија! Не сакам кога не ме покануваат, можеби следниот пат. Видеото не покажа што точно се случи. Заедничка вечера, трезни, уживајќи со своите соиграчи. Фудбалерите ги знаат ризиците кога ќе излезат поради социјалните мрежи, но тројцата – Ријад, Кајл, Џек, беа совршени. Но, ќе бидат казнети бидејќи не ме поканија“, вели Гвардиола.

26-годишниот Грилиш и неговиот соиграч Фил Фоден беа казнети во декември по заедничка бурна забава.

Грилиш „камен пијан“ снимен пред ноќен клуб

Scroll to Top