Top Sport

Мане ја платил болничката сметка на младо момче во Камерун

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане покажа дека е „класа“ и надвор од фудбалскиот терен, откако на Африканскиот куп на нации ја платил целата болничка сметка на едно повредено дете, пред да ја освои титулата со Сенегал.

29-годишниот Мане бил однесен во болница со симптоми на потрес на мозокот при 2:0 победата над Кабо Верде во мечевите по групи и додека бил таму ја платил сметката од 600 евра на семејството на едно дете кое било повредено, а неговото семејство немало пари. Семејството било во шок бидејќи нивното дете било удрено од мотоцикл и имало повеќе скршеници и Мане кога ја слушнал приказната морал да реагира.

Мане е познат по своите добротворни акции. Во 2019 година, тој плати за изградба на училиште во неговиот роден град Бамбали, а по пандемијата на коронавирусот, донираше 50.000 евра на здравствените власти во својата татковина.

Scroll to Top