Top Sport

Гвардиола опериран нема да го води Сити два натпревари

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола успешно го оперира грбот во Барселона и нема да го води клубот на следните два натпревари од Премиер лигата, објави денеска шампионот на Европа и Англија на официјалната веб-страница.

Како што е соопштено, Гвардиола имал рутинска операција за да ги реши проблемите со болките во грбот.

Манчестер сити објави и дека Гвардиола ќе го помине периодот на рехабилитација во Барселона, како и дека ќе се врати во клубот по репрезентативната пауза.

Тоа значи дека нема да ги предводи „граѓаните“, на гостувањето кај Шефилд јунајтед и на домшен терен против Фулам.

Во отсуство на Гвардиола, неговиот помошник Хуанма Лиљо ќе го води тимот на тие натпревари.

Scroll to Top