Top Sport

Топспорт тим на 3.коло во Првата лига

Брера има максимален ефект, Шкендија го сопре одличниот старт на Тиквеш, а Шкупи „киксна“ дома против Силекс.

Работнички го доби скопскиот дуел со Македонија ЃП со голот на Крсте Велкоски, а Ален Јашароски со хет-трик донесе триумф за Воска против Вардар.

Гостивар е вториот тим, покрај Вардар, со три порази на почетокот на сезоната.

ТОПСПОРТ го одреди најдобриот тим за 3.коло во Првата фудбалска лига.

ТОПСПОРТ ТИМ НА 3.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА

Марко Алчевски (Брера Струмица)

Мевљан Мурати (Работнички)

Марио Врдољак (Брера Струмица)

Арсим Љамалари (Силекс)

Даниел Мојсов (Тиквеш)

Дашмир Елези (Шкендија)

Крсте Велкоски (Работнички)

Фабрицио Венегас (Брегалница)

Ералдо Чинари (Шкендија)

Марко Ѓорѓиевски (Силекс)

Ален Јашароски (Воска)

Тренер: Џовани Валенти

Scroll to Top