Винсен Компани e легитимниот наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Тоа е мислењето токму на Гвардиола.
Шпанецот смета дека Компани е фантастичен тренер и некој кој поминал низ системот на Манчестер Сити.
„Тој ќе се врати порано или подоцна. Неговата судбина да биде тренер на Манчестер Сити е запишана во ѕвездите. Тоа ќе се случи. Не знам кога, но тоа ќе се случи”, изјави Гвардиола.
Компани беше капитен на Манчестер Сити од 2011 до 2019 година.
Првиот натпревар како ривал од спротивната страна на Манчестер Сити, Винсен Компани ќе го има подоцна овој месец во натпреварот од ФА Купот на „Етихад“ кога Барнли ќе гостува кај „граѓаните“.
Во тимот на Барнли настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.