Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, бил трогнат од страдањето на емигрантите на Медитеранот, каде што честопати се случуваат несреќи во старите бродови, што решил да донира пари за поправка на еден спасителски брод.
Откако минатиот март брод на организацијата „Проактива опен армс“ се закотви во Италија со сериозна штета, Гвардиола дал 150.000 евра за поправка. Гвардиола е долгогодишен поддржувач на невладината организација и основачот Оскар Кампс, кој ја потврди донацијата.
Покрај Гвардиола, и сегашниот шеф на Барселона, Ернесто Валверде е поддржувач на организацијата, откако сите приходи од својата автобиографија ги даде за „Проактива опен армс“.
Шпанија неодамна дозволи мигрантскиот брод со 629 луѓе од Северна Африка да се прикотви во Валенсија, откако Италија и Малта одбија да го направат тоа.