Top Sport

Гвардиола: Само уште 700 меча и готов сум!

Манчестер сити во сабота ќе го пречека Фулам, во меч во кој Пеп Гвардиола ќе го прослави својот 700. меч како тренер, јубилеј кој му беше споменат на прес-конференцијата пред мечот.

Каталонецот од Барселона, преку Баерн Минхен и Манчестер сити создаде репутација на еден од најдобрите фудбалски тренери на денешницата со стил на фудбал кој е атрактивен на око и носи резултати.

„Седумстотини мечеви! Само уште 700 меча и потоа ќе се пензионирам! Кога ќе почнеш нешто во живот не знаеш каде ќе те однесе. Никогаш не помислив дека ќе имам 700 меча како тренер, но добро е што малку од тие мечеви се порази“, вели Гвардиола.

Статистиката вели вака: со Барселона Б 42 меча (28-9-5 скор), со Барса 247 меча (179-47-21), со Баерн Минхен 161 меч (121-21-19) и со Манчестер сити 249 меча (178-34-37).

Scroll to Top