Пеп Гвардиола саркастично одговори на критиките што ги упати кон него Златан Ибрахимовиќ. Шваѓанецот, во интервју за „Канал плус“, оцени дека егото на тренерот на Манчестер сити може да го попречи понатамошниот развој на Ерлинг Халанд, како што го попречил неговиот развој, но и развојот на многу напаѓачи.
„Тој е во право, тој е апсолутно во право. Во овој клуб, во овој тим, моето его е над се, над секој играч. Не ми се допаѓа кога Ерлинг постигнува три гола и целото внимание е насочено кон него. Многу сум љубоморен. Искрено, навистина сум љубоморен. Само му реков: „Ерлинг, те молам престани да даваш голови, инаку весниците нема да зборуваат за мене и само за мене“. Тој е во право. Златан ме познава совршено. Можеби може да напише уште една книга. “, изјави Гвардиола.
Ибрахимовиќ на почетокот на тренерската кариера на Гвардиола мина една сезона во Барселона. Со тренерот не се раздели во добри односи. Златан дури го нарече непријател во соблекувалната и тврдеше дека поради него го загубил идентитетот.
Засега Халанд нема такви проблеми. На првите 11 натпревари во Премиер лигата постигна дури 17 гола од кои три хет-трика, а во сите натпреварувања има 22 гола од 16 настапи.