Лионел Меси сигурно ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната. Францускиот шампион го суспендираше Лионел Меси на две недели без тренинзи и натпревари поради неговото ненајавено патување во Саудиска Арабија, а подоцна му ја намали казната.
Меси има еден месец да реши каде ќе ја продолжи кариерата. Барселона работи на неговото враќање, а во игра е и Ал-Хилал со безобразно голема плата.
Пеп Гвардиола, под чие водство Меси стана најдобар во светот, сака тој да се врати во Барселона.
„Ќе направи се за да се врати во Барселона. Меси е најдобар играч на сите времиња. Барселона во последните 10-15 години доживеа „бум“ и тоа немаше да биде возможно без него. Не зборувам за бројките, туку за неговото влијание врз играта, неговата ефикасност, сè. Никогаш не би помислил дека ќе заврши како што заврши. Убеден сум дека претседателот Лапорта го сака Лео и откако си замина, рече дека Меси заслужува прошка поради се она што тој му донесе на клубот. Лео му помогна на нашиот клуб да стане многу поголем отколку што беше кога пристигна. Се надевам дека ќе дојде денот кога ќе седнам на моето место на „Камп Ноу“ и ќе можам да станам и да аплаудирам, да се збогувам со Лео како играч на Барса на начин на кој тој заслужува“.
Меси во Барселона пристигна на 14 години, а за првиот тим дебитираше во 2004 година против Еспањол. Во дресот на Барса забележа 780 настапи, 672 гола и 291 асистенција. Тој освои 34 трофеи, од кои десет титули во шпанскиот шампионат и четири титули во Лигата на шампионите.