Top Sport

Ексум: Разочарани сме. Кошаркарите на Реал го покажаа вистинското лице

Кошаркарите на белградски Партизан ја загубија мајсторката од Реал во четвртфиналето на Евролигата (94:98) и не успеаја да се пласираат на завршниот турнир во Каунас.

„Нема многу што можам да кажам… Многу сум разочаран, сите сме разочарани. Серијата беше решена во моментот кога јас бев турнат на паркетот“, изјави бекот на Партизан, Данте Ексум по натпреварот во Мадрид.

Да потсетиме, на крајот од вториот натпревар дојде до тепачка во која Ексум се здоби со полесна повреда откако Гершон Јабуселе со боречки зафат го фрли на подот.

„Не добив извинување од Јабуселе. Тие се тоа што се… Покажаа какви се на теренот. Сите беа шокирани кога видоа дека Јабуселе е суспендиран само на пет натпревари. Ние не сме кечери ММА. Мислам дека подобро ќе се чувствува доколку ми се извинеше“.

Капитенот на Партизан, Кевин Пантер, по натпреварот изјави дека тепачката во вториот меч го сменила текот на серијата. После тоа, Пантер беше суспендиран на два натпревари, Матијас Лесор на еден, а Партизан стана првиот клуб во историјата на Евролигата кој загубил откако ги добил првите два натпревари на гостински терен.

Scroll to Top