Top Sport

Гвардиола: Што мислите дека ние не сакаме Халанд долго време да биде во клубот?

По пишувањата во шпанските медиуми дека Ерлинг Халанд не е среќен во Манчестер сити, се огласи менаџерот Пеп Гвардиола. Предводникот на „граѓаните“ рече дека клубот би сакал да го задржи Норвежанецот подолг временски период.

„Што мислите? Дека ние не сакаме Ерлинг да остане овде една деценија? Сакаме долго да биде во клубот. Ние сме заљубени во него.„Ништо нема да се случи врз основа на една објава на Твитер, еден текст од новинар, ќе се случи кога Ерлинг ќе реши да го продолжи договорот или не, кога клубот ќе го одлучи истото, кога ќе имаме потенцијални понуди итн.“, вели Гвардиола. и додава:

„Ако некој го сака Ерлинг, тоа е едноставно. Јавете се во Сити и прашајте. Така правиме ние кога сакаме да донесеме некого. Не е ништо покомплицирано од тоа. Што се однесува до останатото, ако треба да коментираме за секоја вест од различни извори, никогаш нема да ја завршиме прес-конференцијата“.

Халанд им се приклучи на „граѓаните“ во 2022 година, со клубот ја освои тројната круна. Оваа сезона нема среќа со повредите. По пауза од два месеци в тимот се врати минатата недела во победата од 3:1 над Барнли.

„Неговото влијание врз нашата игра беше неверојатно. Не знам што ќе се случи во иднина, но среќни сме што го имаме“, заклучи Гвардиола.

Екипата на Манчестер сити вечерва игра со Брентфорд.

Scroll to Top