Top Sport

Гвардиола: Сите знаат кај сака да оди Мбапе

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, синоќа не наместо финалето во Лигта на нации, во живо го гледал вториот плеј-оф натпревар во шпанската Ендеса лига, меѓу Барселона и Реал Мадрид. Барселона забележа победа и во серијата води со 2:0.

Новинарите го прашаа Пеп дали размислува да се врати на клупата на Барса и дали Сити сака да го доведе Мбапе.

„Барса има фантастичен тренер кој го познава секој сегмент од овој клуб подобро од кој било. Моето време како тренер во Барса заврши. Мбапе? Не сме во трка за него. Сите знаат каде тој сака да оди“, рекол Гвардиола, алудирајќи на желбата на Французинот да се пресели во Реал Мадрид.

Scroll to Top