Top Sport

Рашфорд ќе потпише долгорочен договор

Маркус Рашфорд и Манчестер јунајтед наскоро ќе потпишат нов повеќегодишен договор. Со новиот договор Рашфорд и дефинитивно ќе стане заштитно лице на клубот. Актуелниот договор му истекува во јуни 2024 година.

Маркус Рашфорд, минатата сезона постигна 17 гола во Премиер лигата и беше еден од клучните играчи во тимот на Ерик Тен Хаг.

Рашфорд има 25 години и е член на првиот тим на Манчестер јунајтед од 2016 година. Се очекува тој да потпише нов договор на неколку години, а една од причините поради која Маркус не ја менува средината е менаџерот Ерик Тен Хаг.

Овој фудбалер за Јунајтед настапи на преку 350 натпревари, постигна 123 гола.

Scroll to Top