Top Sport

Гвардиола: Сити повеќе пати го победувал Јунајтед

Пеп Гвардиола „удри“ по градските ривали Манчестер јунајтед пред дуелот на Сити со „ѓаволите“ во Карабао купот во вторник, инсистирајќи дека Сити имаат многу подобар меѓусебен скор во последните години.

Актуелниот англиски шампион пристигнуваат на „Олд Трафорд“ за првиот меч од полуфиналето на Лига купот во обид да го одбранат трофејот, но „ѓаволите“ го добија последниот дуел со 2:1 победа на 7 декември и тоа на гости. Гвардиола вели дека нема промена на силите во Манчестер.

„Кога играте мечеви толку многу години, понекогаш победувате, а понекогаш губите. Против Јунајтед, врвен клуб, можеш и да победиш и да загубиш. Не пристигнав во Англија со очекување постојано да ги победувам. Но, сепак, имам повеќе победи отколку порази против нив и тоа е многу важно“, вели Гвардиола.

Сепак, тој имаше зборови на пофалба за ривалот Оле Гунар Солскјер, иако менаџерот на „ѓаволите“ е под притисок за непостојаната игра оваа сезона.

„Имам чувство дека почнуваат да играат на начинот на кој тој сака. Дури и при поразот од Арсенал беше јасно што сакаат. Не е лесно да преземеш голем клуб и веднаш да добиеш резултати“, вели Гвардиола.

Scroll to Top