Top Sport

Мурињо најде изговор за ремито со Мидлзборо: Ова е топка за на плажа (видео)

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо вели дека топката „Мајтр“ од 115 фунти која се користи во ФА купот е „прелесна“ и налик на топка на плажа, откако Спарси одиграа само 1:1 на гости кај Мидлзборо за да примораат втор меч на 14 јануари.

„Мислам дека ова е топка за на плажа. Прелесна за играње фудбал и мислам дека не им помогна на фудбалерите. Но, тоа не е изговор“, вели Мурињо.

Тоа не беше единствено нешто што го изнервира Мурињо – тој сметаше дека со ВАР системот голот на Мидлзборо не би бил признат поради офсајд.

„ВАР ќе пресудеше точно. Судијата не го виде тоа“, објаснува Мурињо.

Scroll to Top