Top Sport

Нојер: Доаѓањето на Нибел во Баерн не менува ништо

Мануел Нојер вели дека е презадоволен што Александер Нибел доаѓа во Баерн Минхен, но додава дека доаѓањето на човекот кој според многумина е неговиот наследник, не менува ништо околу можноста за нов договор..

Нибел на крајот на сезоната ќе го повтори „патот“ на Нојер, откако и тој пристигна од Шалке во редовите на германскиот шампион. 23-годишниот голман ќе остане на „Велтинс арената“ во следните шест месеци, додека договорот на 33-годишниот капитен Нојер завршува во 2021 година.

„Трансферот на Нибел не е релевантен за моето продолжување на договорот. Секако, јас ќе одредам што е прифатливо и имам некои мисли во главата. Клубот направи одлука за иднината бидејќи Нибел е квалитетен голман. Клубот секогаш ме почитувал, и иако го немаме продолжено договорот, нема притисок. Јас секогаш сакам да играм, но тие одлуки ги прават тренерите, а не јас“, објаснува Нојер.

Scroll to Top