Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, по натпреварот со Лестер, во изјава за новинарите, му пружил поддршка на колегата Жозе Мурињо, кој од вчера повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед.
Мурињо, поради лошите резултати, кои го следат Јунајтед од почетокот на сезоната, доби отказ, а пораката што ја испрати Гвардиола без сомнение ќе го воодушеви.
„На негова страна сум. Ние менаџерите секогаш сме сами. Клубовите не ангажираат за да победуваат, а кога ќе нема победи, сите знаеме што се случува. Секогаш говорам дека јас како менаџер знам што чувствуваат тие и дека јас се чувствувам осамено. Целиот притисок паѓа врз нашите рамења“, рекол Гвардиола.
Тренерот на актуелниот англиски првак е убеден дека Мурињо нема долго да биде без работа.
„Тој е толку искусен тренер и одличен човек. Бргу ќе се врати и ќе играме еден против друг“.