Пеп Гвардиола можел многу порано да дојде во англискиот фудбал, додека бил активен фудбалер, но Виган одбиле шанса да го донесат во клубот за нивната прва сезона во Премиерлигата бидејќи „не бил доволно добар“.
Иако неговите најдобри денови како фудбалер на Барселона беа во минатото, Гвардиола бил слободен играч кога бил ослободен од обврските од катарскиот Ал-Ахли во 2005 и сакал да се обиде да игра во Англија, но поранешниот менаџер на Виган, Пол Џуел, решил да ја пропушти шансата, пред сегашниот негов тим, Манчестер сити, тогаш под водство на Стјуарт Пирс да го одбие порад неговата возраст.
„Пол Џуел се обиде да потпише со мене кога бев фудбалер, пред многу години, но не бев доволно добар. Тоа беше вистината – бев стар, навистина стар. Чукнав на врата бидејќи сакав да играм англиски фудбал, но тоа не ми успеа. Истото се случи и во Манчестер сити кога дојдов кај Стјуарт Пирс. Но, тие беа умни, навистина не бев доволно добар“, вели Гвардиола за „Дејли стар“.
50-годишниот Каталонец на крајот потпиша за мексиканскиот Дорадос де Синалоа во јануаро 2006, каде што имаше 10 настапи пред да се повлече од спортот и да почне со тренерската кариера.