Top Sport

Хабиб: Не ми требаат уште пари и меч со Мејведер, сега сум обичен човек

УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов ја откри причината зошто не договорил мега-меч против Флојд Мејведер Јуниор со кој би заработил десетина милиони долари, посочувајќи дека се обидува да стане „обичен човек“.

Нурмагомедов се пензионираше по одбраната на титулата во лесна категорија против Џастин Гетџи во октомври 2020, и оттогаш ги отфрла сите понуди за камбек во ММА или богат боксерски меч, и признава дека претседателот на УФЦ, Дејна Вајт веќе неколку пати зборувал со неговиот менаџер, Али Абделазиз.

„Тоа беше уште лани, Дејна го праша Али: ‘Зошто Хабиб не ми бара многу пари кои би му ги дал’. Интересно, тоа значи дека луѓето не ме разбираат. Не знам зошто. Секако, нема човек што не сака пари. Парите се многу важни, но за мене, не се најважните. Имам пари, доволно сум богат, знаете. Ако Господ ми даде време да ги потрошам парите кои ги имам, тоа ми е доволно. Прво, завршив со тоа. Сега е важно како ќе го трошам моето време и моите пари, мојата слава за нешто поинаку. Еден ден и крајот ќе дојде. Сега е време за вистинскиот живот, без кафез. Со спортот сум завршил. 30-тина година живеев во кафезот, сега сум слободен и сакам да живеам како обичен човек“, објаснува Нурмагомедов во интервју за „ЕСПН“.

Scroll to Top