Top Sport

Гвардиола: Успешни сме поради постојаната желба за менување

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, смета дека клучот за успехот на неговиот клуб е желбата за еволуција на фудбалската игра, како и постојаните промени во клубот. Иако во последните неколку години тимот на Пеп остана релативно непроменет, сепак, од клубот си заминаа клучни имиња како Винсент Компани, Давид Силва и Серхио Агуеро.

Сити поставија рекорд од 34 победи во календарската година и освоија 106 поени (исто така рекорд), пред мечот со Лестер денеска.

„Беше тешко да се заменат тие икони на клубот – Вини Компани, Серхио Агуеро, Давид Силва, Пабло Забалета… Многу важни фудбалери си заминаа, но клубот работеше постојано на градење, на еволуција на тимот. Не знаеме кој ќе биде тука за 10 години. Фудбалерите заминуваат и клубот мора да биде подготвен за тоа. Кој не би сакал да го има Компани или Агуеро уште десет години, но тука се повредите, возраста… Затоа работиме на проценка за иднината, учите како да го менувате тимот“, вели Гвардиола.

Scroll to Top