Top Sport

Пике со интересен одговор за вечната дебата Меси-Роналдо

Жерард Пике е еден од фудбалерите кој во својата долга кариера имал шанси да игра покрај Кристијано Роналдо (во Манчестер јунајтед) и Лионел Меси (долги години во Барселона), така што е нормално и тој да има свое мислење за вечната дебата кој е подобар од нив двајца.

Меси и Роналдо заедно имаат 12 „Златни топки“, еден куп трофеи во својата кариера, и неверојатен број на голови. Пике вели дека дебатата не се решава лесно, но има и интересен одговор.

„Секогаш ја кажувам  истата работа. За мене, Меси не е од човечката раса, додека Кристијано Роналдо е најдобриот меѓу луѓето“, вели Пике.

Scroll to Top