Top Sport

(ВИДЕО) Мајами го „изгоре“ Бостон во првиот меч од финалето на Истокот

Мајами направи брејк на почетокот од серијата против Бостон славејќи на гости со 116:123. Финалето на Истокот започна со изненадувачки триумф на „жешките“, а во главна улога беше Џими Батлер со 35 поени. Кошаркарот на Мајами уфрли 20 поени во второто полувреме од дуелот.

Бостон држеше контрола до одморот и замина со девет поени предност (66:57). Но, Мајами експлодираше во третата четвртина, која ја доби со неверојатни 25:46 и комплетно го смени текот на натпреварот.

До крајот, Бостон се обиде да се врати, но не успеа.

Кај домаќинот, Џејсон Тејтум постигна 30 поени.

Следниот натпревар од серијата се игра петок кон сабота, повторно во “ТД Гарден“ во Бостон.

Scroll to Top