Пред гостувањето на Манчестер сити кај Саутемптон, Пеп Гвардиола вели дека капитенот на „светците“, Џејмс Ворд-Проуз е најдобриот изведувач на слободни удари на денешницата, откако минатиот викенд постигна фантастичен гол од 35 метри против Вулверхемптон, негов 12-ти премиерлигашки гол од слободен удар.
„Тој е најдобриот изведувач на слободни кого сум го видел. Нема подобар од Ворд-Проуз, можеби ни недостасува таков фудбалер во тимот. Вистински тимски играч, квалитет без топка, со топка, разбирање на фудбалот. Мораме да бидеме внимателни“, изјави Гвардиола.
Со овој гол 27-годишниот Ворд-Проуз се израмни со Тјери Анри и Џанфранко Зола со вакви голови во Премиерлигата, и само Дејвид Бекам е пред него со 18 гола од слободни удари.
По изјавата на Гвардиола, официјалниот Твитер профил на Саутемптон реши да не „почести“ со пет минути фантастични голови на Ворд-Проуз против Астон вила, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас…
⚠️ WARNING: Genius at work.
Feast your eyes on the finest free-kick taker in all the land and let us know your favourite from @Prowsey16‘s repertoire ?
— Southampton FC (@SouthamptonFC) January 21, 2022