Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, на прес-конференцијата пред мечот со Ливерпул, меѓу другото, зборуваше и за тоа дали по освоената светска титула, Лионел Меси го зацементира своето место како најдобар фудбалер на сите времиња.
Гвардиола кој имаше плодна соработка со Меси во Барселона истакна дека оваа дилема за него никогаш не постоела.
„Уште пред Светското првенство повторив дека Меси за мене е најдобриот фудбалер на сите времиња. Поради се што направи во последните 17, 18 години, неговата важност за нашиот спорт е огромна. Светската шампионска титула е шлаг на тортата на неговата кариера. Сепак, и да не ја освоеше, моето мислење ќе беше исто“, вели Гвардиола и дополни.
„Често луѓето носат емотивни одлуки за тоа, и тоа е нормално. Некој што ги гледал Пеле или Марадона веројатно ќе каже дека се подобри. Секој има право да гледа на работите на свој начин“.