Top Sport

Гвардиола за опасниот лет: Нашиот пилот беше херој!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го испофали „неверојатниот“ пилот кој успеа да ги „спаси“ по бурниот лет од Португалија до Англија, и мораше принудно да слета во Ливерпул поради силниот ветер на аеродромот во Манчестер.

Бурите „Дадли“ и „Јунис“ направи хаос во западна Европа, и авионот на Сити, кои се враќаа по 5:0 триумфот кај Спортинг Лисабон, беше фатен на снимка како се обидува да слета во Манчестер, пред пилотот да се откаже и да слета во Ливерпул.

„Да бидам искрен, откако го видов видеото само кажав: ‘Вау’! Беше многу страшно и сите го почувствувавме тоа. Нешто се случи, но пилотот беше фантастичен зборуваше со нас и беше многу смирен. Сите бевме во мала паника, но начинот на кој зборуваше со нас целосно не смири. Слетувањето во Ливерпул? Имаат потопло време, секогаш се пријатни кон нас. Имаат подобар аеродром од нас“, вели Гвардиола.

Scroll to Top