Top Sport

Британците го загубија среброто на 4х100 метри од Токио по позитивниот тест

Велика Британија го загуби сребрениот медал од штафетата 4х100 метри од минатогодишната Олимпијада во Токио, откако нивниот тркач Си Џеј Уџа доби суспензија поради допинг-прекршок.

Британците загубија од Италија во драматично финале во Јапонија, но Уџа имал позитивен тест на остарин и С-23 по трката на 6 август, по што Судот за арбитража во спортот (ЦАС) оцени дека тој направил прекршок и покрај тоа што го прифати неовото објаснување за позитивниот тест.

Оваа одлука значи дека Канада наместо бронзениот медал ќе го добие среброто, додека Кина скокнува од четвртото место на позиција на бронза.

Ова е третпат во британската историја да загубат медал поради допинг, по алпскиот скијач Алан Бакстер во 2002 година и џудистката Керит Браун во 1988 година.

Scroll to Top