Менаџерот на Манчестер сити шеговито одговорил на прашањето кој ќе ја добие „Златната топка“.
Во конкуренција за оваа награда останаа Лионел Меси, Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо. Меси и Роналдо пет пати биле лауреати, додека Ван Дајк прв пат се наоѓа во позиција да ја добие наградата.
Шпанските медиуми шпекулираат дека добитникот е познат и дека „Златната топка“ ќе заврши кај Лионел Меси.
А како размислува Гвардиола?
„Сигурен сум дека Златната топка прво ќе му ја дадат на Меси, потоа ќе го проверат ВАР и ќе му ја предадат на Ван Дајк“, рекол трофејниот тренер.