Top Sport

Федерер: Сакам да играм тенис и во 2021 година!

Најтрофејниот светски тенисер во моментов со освоени 20 грен слем титули, Швајцарецот Роџер Федерер вели дека сака да игра тенис и во 2021 година. Тогаш тенискиот ас веќе ќе биде запловен во петтата деценија од животот, но вели дека тоа не му пречи.

Тој изјави дека 2020 година му е веќе испланирана, па догодина ќе одлучи за плановите во 2021 година.

„Веќе е организирана 2020 година, а за 2021 се уште не знам, далеку е. Сепак, кај мене се функционира како што треба и можам да играм. Зашто не би се натпреварувал и во 2021 година. Не планирам да играм на земја цела сезона. Се надевам ќе ме одбегнат повредите. Очекувам да се појавам на Ролан Гарос, ќе бидам и во Париз, но ќе ги пропуштам останатите турнири“ – изјави Швајцарецот.

Scroll to Top