Поранешниот репрезентативец на Југославија и екс-селектор на Босна и Херцеговина Фарук Хаџибегиќ е најверојатно ќе биде новиот предводник на репрезентацијата на Црна Гора.
Хаџибегиќ на оваа функција ќе дојде на местото на Љубиша Тумбаковиќ, кој доби отказ откако на пред три недели одби да ја води Црна Гора во квалификацискиот натпревар против Косово.
„Хаџибегиќ е еден од најсериозните кандидати. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека не е само тој во нашите комбинации, има уште неколку тренери кои се слободни. На Црна Гора и е потребен докажан тренер кој нема јазична бариера во комуникација со играчите. Искрено би сакал да дојде некој странец, но само под услов да го знае нашиот јазик“, рекол првиот човек на црногорскиот фудбал, Дејан Савичевиќ.
Хаџибегиќ последниот тренерски ангажман го имал во францускиот второлигаш Ред Стар, во март 2019.
Доколку ја добие работата Хаџибегиќ ќе дебитира на пријателскиот натпревар против Унгарија на 5 септември.