Калам Хадсон-Одои го продолжи договорот со Челси најмалку до 2024 година, откако се договори со директорот на клубот, Марина Грановскаја за зголемувањето на неделната плата на фантастични 150.000 фунти.
18-годишниот Хадсон-Одои беше мета на многу шпекулации за заминување од „Стемфорд бриџ“, откако Баерн Минхен минатиот јануари имаа четири обиди да го донесат англискиот талент.
„Чувството е прекрасно. Долго време се чекаше на договорот, но сега сите сме задоволни. Јас сум фудбалер на Челси од мојата осма година и секогаш знаев дека ова е вистински тим за мене. Сакам да освојуваме многу трофеи заедно“, вели тинејџерот.
Грановскаја, пак, вели дека договорот на Хадсон-Одои е вистински пример за тоа како Челси сакаат да ги заддржат своите најдобри млади фудбалери и бргу да ги интегрираат во првиот тим.
„Калам минатата сезона го докажа својот талент и сега сите сме возбудени од неговиот раст во следните години. Со овој потпис, тренерот Френк Лампард има уште еден голем талент на располагање“, вели Грановскаја.
5 more years!!!?⚽️? pic.twitter.com/PUb8FQap6p
— Callum Hudson-Odoi (@Calteck10) September 19, 2019