Есенскиот првак Вардар главниот дел од подготовките за вториот дел од сезоната ќе ги спроведе во Анталија. Од таборот на црвено-црните информираа дека Турција ќе одиграат шест контролни натпревари.
„Подготовките ги почнуваме на 9. јануари. Ќе тренираме во нашиот тренинг камп во Хиподром до 14. јануари, а потоа на 15. јануари заминуваме во Анталија каде ќе одиграме пријателски натпревари со цел да го издигнеме нашето ниво и нашиот систем на игра. Резултатите од контролите не се во прв план. Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготвени да го дочекаме пролетниот дел“, изјавил за клупската интернет страница шефот стручниот штаб, Александар Васоски.
Распоредот на контролните натпревари на Вардар во Анталија:
20.јануари – Вардар – Хајдук (Хрватска)
23.јануари – Вардар – Динамо Киев (Украина)
26.јануари – пријателски натпревар (противникот дополнително ќе биде објавен)
29.јануари – Вардар – Црвена Звезда (Србија)
02.јануари – Вардар – Борац Бања Лука (БиХ)
03.јануари – Вардар – Мура (Словенија)
фото/fkvardar.mk