Top Sport

Хајдук ќе го тужи ексфронтменот на Оејзис, Лајам Галагер

Хрватскиот фудбалски клуб Хајдук од Сплит размислува за тужба против пејачот Лајам Галагер, поранешниот фронтмен на Оејзис, откако неговиот бренд за облека „Прити грин“ користеше дизајн „ископиран“ од логото на поранешниот југословенски и хрватски шампион.

Со цена од 40 фунти, два дускери на „Прити грин“ имаат речиси идентична копија на грбот, кој очигледно многу му се допаднал на пејачот од Манчестер и познат навивач на Манчестер сити.

„Хајдук не дадоа дозвола за користење на нашиот бренд на Галагер и сега нашите адвокати ќе го разгледаат случајот“, се вели во изјавата на клубот.

Scroll to Top