Top Sport

Кардиф не ја платија ратата за Сала, Нант се пожали до ФИФА!

Нант официјално се пожалија до ФИФА откако премиерлигашот Кардиф сити не ја исплати првата рата од трансферот на Емилијано Сала вреден 15 милиони фунти.

Сала потпиша за Кардиф во јануари за рекордна сума за тимот, но напаѓачот го загуби животот кога неговиот авион падна во Ла Манш. Кардиф, иако претходно најавуваше дека има договор со Нант за исплатата на парите од трансферот, реши да ја стопира исплатата откако претседателот на клубот Мехмет Далман изјави дека има „аномалии“ кои мораат прво да бидат истражени.

Францускиот клуб потоа им дозволи одложување на плаќањето до вторник, но Кардиф повторно не ја направи исплатата. ФИФА потврди дека случајот е сега кај нив.

„Можеме да потврдиме дека вчера добивме барање од Нант проив Кардиф сити околу трансферот на Емилијано Сала. Засега нема да има коментари“, се вели во известувањето од ФИФА.

Кардиф во понеделникот објавија дека имаат „многу прашања“ околу легалноста на летот со кој Сала требаше да пристигне во Велс.

Scroll to Top