Хајдук успеа да стигне до полуфиналето на Младинската лига на УЕФА, продолжувајќи со големите изненадувања, елиминирајќи ја Борусија Дортмунд по драматична пенал-серија со 9:8, откако во регуларните 90 минути беше 1:1.
Хајдук дојде во водство во 72. минута од мечот со голот на Мате Антуновиќ, пред „милионерите“ да успеат да израмнат само четири минути подоцна со гол од пенал на Јулијан Рајкхоф. По ова во пенал-серијата, сите фудбалери беа прецизни во првите осум серии, пред обидот на Мане да го одбрани Буљан, а Анте Кавељ да донесе полуфинале, каде што сплитскиот клуб ќе гостува кај Милан.
Претходно, холандскиот АЗ Алкмар стигна да фантастична 4:0 победа над јуниорскиот тим на Реал Мадрид за да го запечати својот пласман во полуфиналето, каде што ќе се сретнат со тимот на Спортинг Лисабон.