Top Sport

Хајнер: Среќни сме што Румениге се враќа во Баерн Минхен

Две години по заминувањето од Баерн Минхен, легендата Карл-Хајнц Румениге се врати во баварскиот клуб. 67-годишниот поранешен напаѓач е избран да се приклучи на надзорниот одбор на клубот и ќе му помага на главниот тренер Томас Тухел во планирањето на изборот за следната сезона.

„Сакам да ви се заблагодарам за довербата и среќен сум што можам да бидам дел од Баерн Минхен во иднина. Имав голема среќа и чест да прославувам многу успеси со овој клуб, па затоа сум среќен со актуелното барање на бордот на директори“, изјави Румениге по враќањето.

Румениге беше шеф на Баварците од 2002 до 2021 година. На местото на легендата на германскиот фудбал дојде Оливер Кан, кој минатата недела доби отказ уште пред последното коло во Бундеслигата. Од гигантот од Минхен заминува и актуелниот спортски директор Хасан Салихамиџиќ.

Својата радост ја изразија и клубот. Претседателот Херберт Хајнер посебно го поздрави враќањето на легендата назад во Минхен, нагласувајќи ја надежта дека искуството и авторитетот на Румениге ќе им помогнат на Баварците.

„Среќни сме што го имаме Карл-Хајнц Румениге како член на нашиот надзорен одбор. Тој е една од најголемите личности во историјата на нашиот клуб, сите ги знаат неговите заслуги. Неговото искуство, стручност и меѓународна мрежа на контакти ќе ни помогнат енормно со цел Баерн да продолжи да биде успешен во иднина“, изјави Хајнер.

Во меѓувреме, Баерн Минхен го најави Јан-Кристијан Дрисен за нов извршен директор на клубот, а тој долги години работи заедно со Румениге.

Scroll to Top