Top Sport

Хакери го „вратија“ Нејмар во Барселона

Барселона го реализирала трансферот на Нејмар. Оваа информација синоќа кратко стоеше на официјалниот профил што го има клубот на социјалната твитер „Твитер“.

Откако постот бил отстранет од Барселона најпрвин упатија извинување, а потоа соопштија дека нивниот профил бил цел на хакерски напад. Зад нападот стои групата „OurMine“.

Ова не е прв пат оваа хакерска група да напаѓа профили на социјалните мрежи што ги имаат спортските клубови. Пред еден месец тие хакирале профили на 15 екипи кои се натпреваруваат во професионалната фудбалска лига во САД, НФЛ.

Scroll to Top