Top Sport

Хаким Зијеш не ги мина лекарските прегледи, пропаѓа трансферот во Ал-Наср

Трансферот на Хаким Зијеш во саудискиот клуб Ал-Наср е на раб на неуспех бидејќи Мароканецот не ги помина медицинските прегледи. Скенирањето откри дека крилниот напаѓач има проблем со коленото поради што клубот на Кристијано Роналдо е подготвен да се повлече од договорот.

Ова ќе ги расипе плановите на Челси, кои мораа да реализираат неколку продажби до крајот на овој месец за да ги балансираат своите деловни книги и да влезат во рамките на финансискиот фер-плеј. Челси требаше да добие 17 милиони фунти за Зијеш.

30-годишниот Зијеш немаше среќа со трансфери во последно време, беше блиску да прејде во Пари Сен Жермен на позајмица во јануари, но договорот пропадна во последен момент бидејќи документите не беа подготвени навреме.

Зијеш има 14 гола и 13 асистенции на 107 натпревари за Челси откако потпиша од Ајакс за 37 милиони фунти пред три години.

 

Scroll to Top